Најкритично е во селото Сушево. Срушени три мостови во оваа населено место, како и во Раборци и Сачево, а 50-тина метри асфалтен пат во Сушево е однесен. Срушени бандери, поплавени домови, уништени цели насади со земјоделски култури. Сушево е без струја и вода. Противпожарната Единица на Струмица со цистерни со вода ги снабдува жителите на Сушево. Поплавени се и Градашорци, Ангелци и Сарај.
Жителите со плач раскажуваат за синоќешното невреме што го зафати Струмичкиот регион. Општина Василево свика вонредна средница. Критична е состојбата и во реонот на Турново, општина Босилово.
Градоначалниците на Василево и Босилово бараат помош од Владата на Република Македонија. Водата од реката Струмешница од кај селото Добрејци навлезе во градот Струмица, до Домот на пензионерите.
Улиците околу пазарот “Чешел“ целосно поплавени. Полицијата го забрани сообраќајот на излезот од Струмица кон селото Добрејци, кое е целосно поплавено.
Сообраќајот на регионалниот пат Р-602, кај месноста Три Води во близина на селото Рич, е во прекин заради паднат мост, информираат од АМСМ.
Екипи на ЈПКД “Комуналец“ и Противпожарната Единица од синоќа на полноќ се на терен. 30 литри дожд на метар квадратен наврнало синоќа во Струмичкиот регион, објави порталот „Strumica news“.
Фото: Strumica news