Европа сака да го прекрои Балканот – менувањето граници било единствен спас


Швајцарскиот историчар новинар и експерт за Балканот, Анрес Ернст изјави дека во Брисел и во Берлин на големо се размислува на размена на териториите меѓу Србија и Косово и дека тоа е единствениот начин за решавање на проблемите на Балканот.


karta balkanТој дополни дека ниту српските, ниту косовските официјални лица, немаат против за поделба на териториите, но дека истото во овој момент не сакаат да го применат поради одбивањето на меѓународната заедница.
„Германсктие дипломати само потврдиле дека на оваа тема има доста размислувања и во Берлин и во Брисел. Нагласиле дека размената на територии е добро решение, но за тоа не можат официјално да разговараат затоа што темата за меѓународната заедница е табу тема“, изјавил Ернст.

andres ernstТој истакнал дека не го разбира ставот на меѓународната заедница за да нема промена на границите, затоа што воглавно меѓународната заедница допринела за промената со отцепувањето на Косово.
Ернст е лауреат за наградата за новинарство на Друштвото за Југоисточна Европа од Минхен. Тој доделувањето на наградата истакнал дека не може да ја прими наградата која го носи името на нацистот Рудолф Фогел, по што името е променето, додека претставниците на Друштвото изјавиле дека ќе се позанимаваат со нацистичкото минато.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1