Им го укинале превозот на децата – мајките се сликале голи за календар и собрале пари


316707_kalendar-mame3_ffКога одговорните во школото во шпанскиот град Монтсрат објавиле дека поради недостаток на пари ги укинуваат слободните превози на учениците, револтираните мајки се одлучиле да ја земат работата во свои раце.

Не се решиле да организираат коцерт или тамболина, туку почнале да позираат за еротски календар.

7C9DC80B8CF8D74F97FE3337A4932295

Со продажба на календарот ќе соберат пари за превоз на своите деца до крајот на школската година.

Кога дознале дека 600 студенти ќе останат без автобуски превоз, мајките решиле да протестираат, нешто кое што не вродило со плод.

Затоа се решиле да испробаат порадикални мерки.
Една од нив почнала да турка количка во долна облека.
Жените од сите возрасти почанле да се сликаат за еротски календар, кој станал вистински хит во градот.

316705_kalendar-mame1_ff

Некои се сликале и топлес, а некои речиси целосно голи.

Продажбата била до толку успешна, што десет мајки собрале доволно средства за изнајмување на школскиот автобус до јуни, кога се завршува школската година.

Услугата на превозот месечно чини 4100 долари.
Мајките успеале да соберат доволно пари, па планираат да направат календар и за 2014 година.

Вкупно се испечатени 3000 календари, а мајките се надеваат дека до крајот на месецот ќе ги продадат сите, како и тоа дека и наредната година да го повторат проектот.

316706_kalendar-mame2_ffФинансиската криза и понатаму ја потресува Шпанија, а експертите прогнозираат дека најлошото допрва доаѓа.

Во моментов 55% од младите останаа без работа, а во текот на изминатите 12 месеци, се отпуштени вкупно 691,700 луѓе.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1