Слоганот за најновиот уред од компанијата “Canon” гласи “помешана реалност”, а истиот се става на главата пред очите и овозможува создавање на детални симулации кои што на корисникот му се презентираат како да станува збор за предмети со мноштво детали, сместени во реалното опкружување.
Станува збор за предмет – црн, огромен уред од кој што излегуваат жици и антени, не е наменет за индивидуални потрошувачи, туку за претприемачи кои што најпрво сакаат да создаваат виртуелни дела, а дури потоа сето тоа да го пренесат во реалниот свет.
Очилата и соодветниот систем чинат 125.000 долари, а покрај тоа, неопходно е и годишно одржување до дополнителни 25.000 долари.
Овој неверојатен уред ги симулира објектите во просторот со неверојатна прецизност и мноштво детали. Доколку седнете на стол сместен во празна соба и го ставите уредот на глава, одеднаш можете да се најдете зад волан во виртуелен спортски автомобили или хеликоптер.