Поплави во Радовишко и Струмичко, урнати мостови, отсечени села


Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица – Штип е во критична состојба.

102647362Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а урнатиот мост им е единствена комуникација кон Радовиш и Струмица.

Градоначалникот на општина Радовиш Роберт Велков вели дека направените штети се големи во четири села во Радовишкиот регион.

Поплавено е Радовишко поле, со големи штети на земјоделските култури, кои се сите под вода. Велков најави дека ќе го извести Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

102647519Во село Ораовица село меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а се направени и големи штети на земјоделските посеви.

Стотина куќи и стопански објекти утрово се поплавени и во струмичко Дабиле, кога се излеа помошниот канал на реката Струмица.

Во спасувачката акција на противпожарната единица од Струмица, беа изнесени постарите жители од нивните поплавени домови.

Градоначалникот Зоран Заев од утринава е во Дабиле и помага во надминување на состојбата.

102647515– Водениот бран надојде околу 6.30 часот и за две-три минути навлезе во нашиот дом.Не можевме ништо да спасиме,вели Никола Василев,чија што куќа е на брегот на одводниот канал.

Постарите жители од Дабиле се сеќаваат на поплавата во далечната 1963 година, кога парчиња лед го поплавиле целото село.

Синоќешните обилни врнежи од дожд во овој регион дополнително ја отежнаа состојбата на теренот.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1