Малата Адалија Роуз Вилијамс од Тексас има само 6 години , а веќе изгледа како старица. Таа боледува од ретко заболување наречено ПРОГЕРИЈА.
Болните од оваа болест предвреме стареат и обично не ја доживуваат 14 или 15 година.
Но иако е тешко болна, ова храбро девојче сака да пее и игра и е многу весела.
Активна е и на социјалните мрежи има неверојатни 6 милиони фанови на facebook а дневно и пишуваат над 1000 луѓе.
Мајка и се одлучила да и отвори фејсбук за да контактира со луѓето а на страницата има поставено нејзини сликки и видеа.
На едното од нив игра и ја пее “Ice, Ice baby” а игра и гангнам стајл.
Адалија старее неколку пати побрзо од другите луѓе и заради својата болест тежи само 6 килограми.
Нема коса, а на училиште не оди, а кога луѓето непријатно зјапаат во неа мајката Наталија и очувот Рајан и велат дека тоа е така затоа што луѓето никогаш порано не виделе ангел.