Фејсбук направи промена на мрежата во форма на графикон пребарувањето
Новата алатака ќе ви помогне во потрагата за некои интересни и корисни работи, но, исто така ќе им овозможи на „погрешни раце“ да се докопаат до некои од заборавените информации. Пребарувањето на графиката, на пример, може да им овозможи во пребарувањето на оние фотографии кои се сокриени на Тајмлајн.
Колку пати сте тагувани на некоја слика која не ви се допаднала? Сите фотографии на кои сте тагувани се во сопственост на вашите пријатели, што во превод значи дека тие ќе ви одредат кој ќе може да ги пронајде на „Graph Search“.
Влезете во „Account Settings“ и одберете „Timeline and Tagging“ и наместете го подесувањето кое ќе може да ги види постовите на кои сте таговани, како и постовите на вашиот Тајмлајн.
Заштитете ги постоечките постови.
Наскоро секој ќе биде во можност да види каков вид на книги ви се допаѓаат, од кој град доаѓате и каде сте родени. Доколку не сакате некој да ве вознемирува, само затоа што имате ист омилен автор или сакате ист бенд, кликнете на „Update info“, (во горниот десен агол) и истражете ги сите можни опции на поднесување.
Можеби сте лајкувале „безброј“ страници и тоа може да ви создаде проблем („Activity log“ во горниот десен агол, веднаш покрај „Update info“) погледнете што се сте лајкувале и тргнете го она со кое веќе не сте одушевени.
Можеби се ќе ви изгледа безопасно и нема да ве интересира дали некој ќе ги прегледа вашите информации. Можеби би било добро уште малку да размислите околу тоа, пред да биде доцна.
„Бидете внимателни што пишувате на социјалните мрежи – еден Чилеанец добил 18 месеци затворска казна поради шала на сметка на Хрватите“.