Во кои производи се има шеќер, а да не сте ни свесни за тоа


sekjerМногу луѓе мислат дека јадат здрава храна, без шеќерни додатоци, што всушност е погрешно. Еве листа на некои од најчестите видови на храна, кои можат да ве измамат во поглед на количината на шеќерот.


Сок од домати
Производителите на сок од домати, додаваат шеќер, затоа што така стануваат повкусни. Можете самите да си направите свој сос од домат (кога ќе биде сезоната, или примерот со замрзнатиот домат), во кој нема да додавате шеќер.

bijelo-i-crno-vinoБело вино
Чаша вино на ден е поздрав и подобар избор од слатките сокови. Но, производителите многу често додаваат шеќер и во белото вино, посебно во она од Ризлинг.

Грозјето кое се користи често е кисело, па вкусот се подобрува со додавање на шеќер. Тоа не е случај и со црното вино кое е природно слатко, па подобро наздравете со црното вино.
Кога станува збор за додавање на вкус во салатите, држете се до оние едноставно подобрите.

Дури и навидум здравите опции како виното или оцетот, не се здрави затоа што произведувачите во нив ставаат шеќер. Најдобрата и најздрава опција за салатите е маслиновото уље, малку морска сол и сок од свеж лимон. Тоа е вкусно и здраво.

white-breadЛеб
Многумина мислат дека лебот е безбеден и дека во него нема шеќер. Многу често шеќерот е составен дел од различните видови на леб. Се додава поради вкусот. Ако сакате да јадете здрав леб, тогаш купете го оној со еко етикета кој е направен од интегрални житарици и без дополнителен шеќер. Сите други опции едноставно не се доволно сигурни.

Јогурт
Јогуртот многу често се слуша дека е богат со калциум и сиромашен со масти. Но, ако се работи за овошен, може да сметате дека секако во себе содржи и шеќер, иако пишува дека нема. Дури неколку истражувања потврдија дека во овошните, па дури и во оние природните јогурти, може да се открие шеќер. Ако тоа сакате да го избегнете, изберете природни пробиотици – тие се здрави и немаат вештачки шеќери.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1