Калциумот не им помага на коските кај жените


Повозрасните жени кои земаат витамин Д и калциум, со цел да спречат фрактури на коските, можеби тоа го прават непотребно, покажуваат резултатите од најновото истражување.

kalcium apcinjaНаучниците откриле дека земањето на вообичаени мали дози на витамин Д и калциум има многу мал ефект кај жените во менопауза, додека преголемите дози можат да предизвикаат создавање камен во бубрег.

Витаминот Д и калциумот се клучни за формирање и јакнење на коските, но експертите препорачуваат повеќе здрава исхрана и изложеност на сончеви зраци.

На повозрасните лица со недостиг на витамини или со остеопороза, докторите често им препишуваат поголеми дози, но кај здравите постменопаузни жени не е забележан некаков ефект.

Се уште не е јасно дали овие дози нудат заштита на коските доколку се земаат пред менопаузата, ниту дали им помагаат на мажите, судејжи според новите правила кои ги издаде работната група за превентивни сервиси во САД.

Станува збор за збунувачка порака, имајќи го предвид фактот дека витаминот Д и калциумот долги години се сметале како заштита од бројни болести на коските со многу малку лоши особини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1