Словачкиот премиер добил коверт со бел прав


400_300_1298583165_white_powder_

Канцеларијата на словачката Влада добила коверт со непознат бел прав, кој бил адресиран до премиерот Роберт Фицо, објави весникот „СМЕ“, повикувајќи се на телевизијата ТА3.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, со сомнителната супстанци дошла во контакт една жена, вработена во архивата и полицијата веќе го изолирала местото.

Според портпаролката на полицијата Татијана Куруцова, откако ќе се добие анализата на сомнителната материја, ќе биде одлучено како ќе се третира делото, дали како предизвикување измама или општа опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1