Поплавените села да ја превриваат водата – се доставуваат ќебиња и храна


water-glassОд Центарот за јавно здравје, Струмица, апелираат до жителите на поплавените населени места кои ја користат водата од селските водоводи да ја превриваат за пиење.

Ваквите мерки се однесуваат се до оној момент кога ќе пристигнат резултатите од анализите за техничката исправност на водата.

Со шест цистерни од Штип, Кочани, Скопје и на АРМ, уште рано утринава започна дотурот на вода до штипјани. Пред да се започне со дистрибуција, надлежните од центарот за јавно здравје зедоа мостри од цистерните.

-„Водата донесена од Скопје, моментално е добра и може слободно да се користи. Додека кочанската вода е нешто матна, а чекаме да видиме и каква ќе биде состојбата со другите цистерни“ – вели д-р Марјан Јосифовски од Центар за јавно здравје

Приоритетни во снабдувањето беа градинките, болницата, конфекциите. Пунктови од каде што граѓаните ќе може да полнат вода за пиење има речиси низ целиот град.

strumica_poplava_camecДваесет села во Струмичко се уште се целосно или делумно поплавени. Жителите, и покрај дождот кој врне од синоќа, полека почнаа да се соземаат од шокот што го предизвика водената стихија, која зад себе остава вистински пустош. Најтешко е во селото Муртино. Таму околу петстотини куќи се поплавени. На жителите, кои се заробени во своите домови, со чамци им се доставува храна,а тие се бранат од нови полави со насипи од песок.

Од општина Струмица информираат дека во Муртино се врши дистрибуција на кебиња, облека и прехранбени артикли, а целата расположива механизација е распоредена на терен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1