Орав: Бојкотот не е добар чекор, се уште има можност за решение


Случувањата на 24 декември не беа добри, но јас не верувам дека бојкотот на локалните избори е добар чекор. Мислам дека оваа недела постои мал прозорец на можности за лидерите и за политичките партии да изнајдат решение за излез од политичката криза, порача евроамбасадорот Аиво Орав по средбата со градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

oravАко не се изнајде решение оваа недела, нагласи, тогаш значи дека постои голема опасност не само за политичките лидери и политички партии, туку и за граѓаните.

– Се надевам дека локалните избори ќе можат да бидат одржани без никаков инцидент, како што беше случајот со изборите во 2011 година, изјави Орав и искажа задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучи да испрати голема мониторинг мисија за изборите.

Заедно со градоначалникот на општина Центар, нагласи, разговаравме за развојот на општината, за подготовките за локални избори и за политичката ситуација.

– Што се однесува на политичката ситуација во земјата Европската унија во многу наврати ја има појаснето својата позиција. Истото тоа го направивме и вчера вечер заедно со амбасадорот на САД и амбасадорот на ОБСЕ. Сметам дека 24 декември не беше добар датум во историјата на вашата земја и оти сите чинители треба да работат да го направат 24 март како добар датум, потенцира Орав.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1