Познатата музичка ѕвезда Анастасија прв пат се разболе од рак на дојка во 2003 година.
По операцијата и зрачењето мислеше дека засекогаш се ослободи од болеста.
Откако Лејди Гага ја откажа својата турнеја, уште една пејачка мораше да ги откаже своите настапи. Анастасија ја откажа европската турнеја „It’s a man’s World“ бидејќи има рак на дојка, пишува „Mirror“.
На пејачката ова и е втор пат да се бори со лошата болест.
Многу ми е жал што ќе морам да ги разочарам моите верни обожаватели кои купија билети за моите концерти.
Знам дека беа пресреќни за концертите но тоа сега не е можно, изјави пејачката.
Анастасија и понатаму ќе работи на својата музика ќе пишува и снима песни но со значително намалено темпо.
Нема да се предаде бидејќи е борец и има семејство и пријатели кои ќе и бидат силна поддршка во борбата со ракот.
Паричните средства од купените карти на обожавателите ќе бидат рефундирани.
Извор – Курир