6 год детенце собира пари за својот болен другар (Видео)


Шестгодишниот Дилан Сигел од Лос Анџелес прави се во настојувањето да му помогне на неговиот најдобар другар.

102735546Ова момче напиша книга насловена „Chocolate Bar“ од чија продажба собира пари за лабораториски истражувања за пронаоѓање лек за болеста од кој страда неговиот најдобар другар, седумгодишниот Џона Пурназијан.

Малиот Џона боледува од ретко заболување на црниот дроб, наречено болест на гликогенот тип 18, за што нема лек.

– Со продавањето на книги и чоколада, што ги донираше компанијата „Хол Фудс“, досега е собрана сума поголема од 30.000 долари, раскажа мајката на Дилан, Дебра за „Хуфингтон Пост“.

Според неа, напорите на Дилан за помош на неговото другарче севкупно привлекле повеќе внимание отколку што очекувале.

detence– Колку може да направи тоа шесгодишно момче. Нему му е повозбудливо да се види себе си на телевизја. Но, на тоа не придаваме внимание, додава Дебра Сигел.

Родителите на малиот Дилан во почетокот го советувале да се обиде со некоја од конвенционалните методи на собирање пари во САД, како што е популатната продажба на колачиња, на пример, но тој го одбил тоа.

Бо рок од само еден час смислил текст и илустрација за неговата книга. Неговите родители ја поддржале таквата идеја, сметајќи дека книгата навистина би можела да даде резултат, и решиле да му помогнат.

На крајот излезе дека идејата на Дилан беше успешна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1