Иако во Англија случаите на ганореја се третираат со вообичаена терапија, сепак лекарите се во целосна подготвеност, меѓу останатото, поради тоа што стапката на инфекција на оваа болест е во постојан раст, а во некои земји е приметено дека истата е отпорна на антибиотиците.
Одделот за здраство во Англија има преземено мерки за намалување на преносот на болеста и построг надзор за евентуално на време да се приметат знаците на отпорност на антибиотиците.
Гонорејата е втората најчеста сексуална пренослива болест во Велика Британија, а се пренесува со незаштитен, вагинален, орален или анален секс и може да се пренесе од заразена трудница на бебето.
Болеста се карактеризира со фактот дека речиси половина од заразените жени немаат никакви симптоми на болеста, додека ситуацијата е значително различна кај мажите.
Еден од 10 заразени мажи не чувствуваат непријатности поради болеста. Податоците покажуваат дека во 2011 година процентот на пациентите со гонореја е зголемен за 25 %.
Во исто време во последните пет години ризикот од развој на отпорност на дрогата падна нешто помлаку, но лекарите се загрижени поради големиот број на случаи на отпор во светот, бидејќи во блиска иднина не очекуваат нови, поефикасни лекови против оваа болест.
Затоа се предлага на овие случаи да се обрне посебно внимание и да се направи посебен регистар на заболените, како и проценка на развојот на отпорност на лекот, затоа што во последните 10 години е забележан пораст на отпорноста на болеста на постоечките начини на лекување.
Акцентот како што сметаат експертите пред се треба да биде на спречување на инфекцијата и нејзиното повторување, што подразбира безбеден секс, особено при употребата на кондомите во сексуалните ризични групи.
Првиот случај на гонореја на отпор на антибиотици е откриен во Јапонија во 2011 година, а досега се пријавени неколку случаи во Шведска.