Еве во кои професии најмногу ги мрзат шефовите


Анкетата која „PayScale“ ја спроведе опфати 24,000 испитаници. Причините зошто работниците не ги сакаат нивните шефови варираат. Според еден извештај 41 % од американските работници велат дека се ментално матретирани на работа.


bossyАктерите, продуцентите и режисерите се најдоа на десеттото место со 13,3% од оние кои ги мразат своите претпоставени. Деветтото место го завземале куририте со 13,5% , а пред нив, со ист процент биле операторите.
Административните работници се најдоа на седмото место со 13,6%, кои ги мразат нивните шефови, додека администраторите го завземаа шестото место. Техничарите за безбедност со 15,8% се наоѓаат на петтото место.

По нив на четвртото, се супервизорите за подготовка на храна со 17% од оние кои ги мразат своите надредени.
Третото место им припадна на пекарите со 17,9%, а повеќе од нив со 18,2% се забните техничари, додека хемичарите со високи 19,4% го завземаа првото место.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1