Децата со посебни потреби треба да се еутаназираат – премногу ја чинат државата!?


Советникот од англискиот округ Корнвол, Колин Бруер, се најде среде скандал поради неговата скандалозна изјава дека “децата со посебни потреби треба да се еутаназираат”, објави Би-Би-Си.

C657198A1DC3FE4885FBD24660995C16Бруер ова и го кажал на Тереза Корт, членка на едно хуманитарно здружение, и и објаснил дека треба да се успијат затоа што нивното одржување во живот и обезбедувањето услови ја чини државата премногу пари. Тој ова на хуманитарката и го кажал уште во 2011 година. Поради оваа изјава тој си поднесе оставка и најави дека нема да се кандидира на локалните избори во мај.

“Погрешив, признавам. Се уште ќе се извинувам”, рекол Бруер. Претседателот на здружението за помош на децата со посебни потреби од Корнвол, Стив Пејџет рекол дека Бруер конечно сфатил што кажал и дека затоа поднел оставка. “Таа ситуација не требаше да дојде до оваа фаза. Јавно го повикувам собранието за сите советници да организира работилница за еднаквоста на лицата со посебни потреби”, рекол Пеџет додавајќи дека е шокиран што на советникот Бруер му требале речиси две години да сфати што кажал, и тоа откако здружението поднесе официјална поплака.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1