И официјално поевтино парно – регулаторна ја намали цената


radijatorРегулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска и официјално донесе одлука за намалување на цените на топлинската енергија за 14,24 отсто за корисниците кои се снабдуваат преку „Балкан енерџи груп“ и за 13,45 отсто за корисниците што се снабдуваат со топлинска енергија преку „Скопје Север“ АД, Скопје.

„Промената на цената на топлинската енергија е предизвикана од падот на продажната цена на природниот гас за периодот од донесувањето на одлука за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за греење за 2012 година од 27.07.2012 година до денес“, се вели во одлуката на РКЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1