Романските власти однеле четири лава и две мечки кои биле под сопственост на злогласен романски гангстер кои, наводно ги користел за да им се заканува на своите жртви.
Џон Балинт е уапсен на 22 февруари, со уште неколку лица обвинети за обид за убиство, киднапирање, уцена и поседување на оружје без дозвола. Во 2009 година е осуден за трговија со луѓе и насилство.
Надлежните органи одговорни за животната средина и хуманитарната организација за животните „Виер Пфотен“ им дадоа на животните средство за смирување и на носилки ги пренесле во кавезите во зоолошката градина.
Соседите и роднините на Балинт ги негираа тврдењата на истражителите кои изјавија дека тој немал дозвола за животните и дека ги користел за заплашување на своите жртви.
Тие само велат дека Балинт ги сакал животните.