Се отворила земјата додека спиел и пропаднал во бездна – ни трага од телото (Видео/Фото)


Дупка со пречник од 30 метри се отворила под куќа во американскиот град Брендон, на Флорида и го голтнала 36-годишниот Џеф Буш кој спиел на својот кревет.

article-2286514-185ED9BB000005DC-48_634x361Во куќата во моментот на отворањето на дупката која била длабока 15 метри, се наоѓале пет возрасни лица и едно дете. Неговиот брат Џереми од ивицата на дупката го спасиле пожарникарите, бидејќи дупката почнала да се шири. Со помош на радари се обиделе да видат дали жртвата дава знаци на живот, но  претпоставуваат дека најверојатно загинал.

Се претпоставува дека дупката настанала по природен пат и дека ќе продолжи да се шири. Поради зголемената опасност полицијата ја евакуирала целата населба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1