Двајца Швајцарци кои биле во посетаШв на Титов Врв биле пријавени за исчезнати од страна на персоналот на хотелот откако истите не се појавиле до 18 часот.
Имено двајцата швајцарски државјани тргнале кон Титов Врв во четвртокот изутрината, но цел ден не се вратиле во хотелот во кој отседнувале.
Поради густата магла двајцата се изгубиле и одлучиле да се спуштат надолу по планината.
Целата потрага по нив од страна на полицијата била запрена откако двајцата планинари околу 19 часот се јавиле од планинското село Јеловјане дека се здрави и живи.
Извор – Скај.мк