Транспарентен компјутерски екран, во кој корисниците можат да ги „вовлечат“ рацете и да ги допрат и движат дигиталните содржини е претставен на Лос Анџелес.
Еден од говорниците на ТЕД конференцијата Јинџ Ли е дел од тимот кој работи на СпејсТоп 3Д десктоп заедно со експерти од компанијата „Мајкрософт“.
Оваа извонредна 3Д новина им овозможува на корисниците со дигиталниот материјал да постапуваат исто како со работите околу нас, изјави Ли во разговор за Би-Би-Си.
Станува збор за транспарентен ЛЕД екран со вградени камери кои го следат движењето на корисникот, со дополнително следење на неговите очи. Целиот проект е инспириран со тоа што е потребно за човек да стапи во одредена интеракција со работите.
– Просторната меморија врз која основа телото интуитивно помни каде и во каква состојба се наоѓаат предметите, е вистински човечка особина, тврди Ли. Доколку тоа се префрли во дигиталниот свет луѓето ќе можат да ги користат компјутерите во многу посложени работи.
Доколку работите на некој документ, може да го земете во раце, да го свртите и листате како книга, објаснува Ли, кој е дипломиран на универзитетот МИТ.
За подетални и ситни работи постои тач-пад, со што оваа новина ќе биде од голема корист за архитектите, бидејќи ќе можат поуспешно да работат на своите 3Д модели.
– Разликата меѓу тоа што еден дизајнер мисли и тоа што неговиот компјутер може да направи е голема. Но, ако го земете во раце дигиталниот материјал, појасно ќе може да ги изразите своите идеи, истакнува младиот Ли.
Целиот систем може да се најде во широка употреба за десетина години.