Нашиот Розе рубин – Македонскиот рубин го носат и славни (Фото)


mak rubinМакедонскиот рубин го носат голем број познати ѕвезди од светот на филмот и на музиката.

Примерок од нашиот рубин имаат Дерил Хана и Катрин Денев, кои гостуваа на фестивалот „Браќа Манаки“. Македонски рубин има и папата во Ватикан, како и голем број државници кои биле во посета на Македонија, пишува Дневник

Деан Шкартов – Деко открил дека овој рубин го има кај нас.

Развил технологија на негова обработка и го комбинира со филигран.

Дека е можно и Македонија да има рубин открил уште во 90-тите години. кога живеел и работел во Италија. Тогаш и почнал да ја осознава структурата на кристалите и на благородните камења.

mak rubin4– Периодот кога ја отворив првата продавница за минерали беше во ек кампањата „Купувајте македонски производи“. Често се случуваше да ме прашаат дали има некој минерал од Македонија. Тогаш некако со потсмев гледав на тие прашања. Си мислев дека не е можно волку мала земја да има наоѓалишта какви што има во големите земји.

– Потоа се прашував ако овој природен минерал што го има во Прилепско е навистина рубин, зошто досега не бил откриен и промовиран – вели Шкартов,

mak rubin3Откако Шкартов дознал дека имаме рубин, постојано се информирал и истражувал. Така стигнал до македонскиот рубин. Тој во 2008 година го заштитил името македонски рубин.

Македонскиот рубин има розева боја, а неколку светски анализи покажале дека македонскиот рубин не е со највисок квалитет, но сепак е рубин. Македонскиот рубин е единствен во регионов – вели Шкартов. 

mak rubin2Тој потекнува од метаморфните доломити, создадени во периодот прекамбриум – од почетокот на создавањето на планетата до пред 600 милиони години. Тоа се едни од најстарите карпи. 

Шкартов открива дека од земјава со децении се изнесувале минерали, кои биле нудени на светските берзи. Тогаш не се обрнувало големо внимание на изнесувањето на минералите од кај нас зашто во сферата на рударството и минералогијата првенствено било задоволувањето на индустриските потреби.

Тогаш не била развиена свеста за промовирање на земјата преку јувелирските минерали.

Повеќе на – Дневник.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1