Кометата С/2013 А1 или позната како Сјдинг спринг која има пречник од 10 до 50 км би можела да удри во Марс октомври 2014, што претставува опасност и за Земјата.
Доколку кометата удри во Црвената планета ќе направи кратер десет пати поголем од самата комета и таа би експлодирала со јачина од 20 милјарди мегатони. На Земјата ваквиот удар би предизвикал вистинска катаклизма.
Американскиот астроном Фил Плат тврди дека овој судар помеѓу кометата и Марс би можел да предизвика експлозија 25 милиони пати појака од најаката тестирана нуклеарна бомба на земјата.
,,Ако кометата удри во Марс тоа би претставувало катаклизма не само за таа планета туку и за целиот Сончев систем. Од силниот удар во космосот би одлетале помали делови кои многу лесно би можеле да паднат на Земјата, а повеќето би биле поголеми од последниот метеор кој падна во Русија.,, вели тој.
Се уште не се знае точната патека на кометата бидејќи таа се менува како што се приближва до сонцето. А според сите пресметки и да не удри во марс ќе мине неверојатно близу како до марс така и до земјата и ќе биде видлива со голо око.