Нов хит на Балканот – си го враќаат хименот и по неколку пати


Хит во Босна и Херцеговина стана вградувањето на хименот! Некои жени го прават тоа повеќе од еднаш, а цената на операцијата зависи од големината на интервенцијата, но во просек чини 500 евра. Повеќе жени во БиХ се одлучуваат за вагинална реконструктивна хирургија.


ginekБез оглед на менувањето на етичките стандарди во современото општество, хименопластиката и сега е актуелна операција. Некогаш на реконструкцијата на хименот се определувале девојки пред да се земат во патријархални средини, каде што невиноста е услов за стапување во брак.

Но според зборовите на докторката Даниела Црногорац од сараевската Поликлиника „Карабег“, забележан е дури и случај, да сопругата да посака, мажот по 38 години брак, да и поклони невиност. Таа желба неодамна беше исполнета во оваа поликлиника.
„Имаме чести барања за вакви операции. Некои желби се оправдани, а некои не. Во принцип, невиноста по хируршки пат обично ја враќаат девојките на возраст од 18 до 25 години, но границата секојдневно се движи се погоре.
Таквите операции се погодени во целиот регион, а во просек изнесуваат околу 500 евра. Хименопластиката е процес преку кој се враќа интегритетот на хименот, кој се наоѓа на влезот на вагиналниот канал. Доктор Црногорац објасни дека се применуваат два типа на операции.

ginekologsto„Првиот метод е краток, вклучува воспоставување на хименот во краток период од неколку дена. При, тоа рабовите се поврзуваат со конец кој исчезнува по кратко време, па воспоставувањето на интегритетот на хименот е краткотраен“, вели Црногорац.
Вториот метод за воспоставувањето на хименот на неодреден рок е нешто посложен, кога хименот се формира од околното ткиво од слузницата на вагината.
„Ова е решение се до првиот однос. Постапката се изведува со локална или општа анестезија. Десет дена по завршувањето на постапката, која трае 30 до 60 минути, тоа е невозможно да се открие дека жената била подлежна на операција“, вели Црногорац.

Деча човечката имагинација нема граници, говори и фактот дека жените со вграден химен може да се изведе неколку пати.
„Постојаното шиење на хименот е нешто на што ретко се согласуваат жените. Иако операцијата може да се изврши повеќе пати, во нашата практика само две жени го направиле тоа“, вели Црногорац.
Пластичните хирурзи велат дека девојките на овој зафат се одлучуваат од низа причини, а некои сметаат дека невиноста им е добра стартна позиција за да стапат во брак. Некои се одлучиле за тоа по разговор со партнерот или поради повредата на хименот.
„Во важната група спаѓаат и девојките кои биле силувани, или имале непријатно сексуална искуство, кое оставило психичка траума“, додава Црногорац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1