Инцидентот се случил синоќа во 22 часот на улица „Љуботенска“, во близина на Изборниот штаб на ДУИ во тетовска Мала Речица.
Засега непознати сторители испукале 4-5 куршуми, најверојатно од гасен пиштол, од возило во движење.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, но не се пронајдени празни чаури, ниту се регистрирани оштетувања на околните објекти.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Вест