Како да се победи стравот од породување


Додека некои бремени жени ги одбројуваат деновите до породувањето и се плашат како тоа ќе заврши, другите со нетрпение чекаат да го запознаат бебето. Начинот на кој жените се борат со стравот од породување во голема мера зависи од нивната личност и карактерот. Бабиците и психолозите забележале дека жените се делат на три групи.

201640_trudnoca_fПрвата група бремени жени едноставно се обидува да го заобиколи стравот. Тие жени во текот на бременоста се тешат со аргументот дека породувањетѕо е обична работа и дека сигурно некако ќе преживеат и ги избегнуваат информациите поврзани за таа тема.

Другата група жени ја избира спротивната тактика. Тие сакаат однапред да знаат се што може да им се случи за време на породувањето. Собираат инфорамции од сите достапни извори, а начинот на своето породување го сфаќаат како прашање на сопствен избор.

Третата група жени се обидува да се помири со стравот од породување така што веднаш им се препуштаат на современата медицина, на својот лекар и на бабиците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1