Ако сте родени во текот на летните месеци, најверојатно тешко дека ќе стигнете до некоја шефовска позиција. Но, ако сте родени во есен или на почетокот на зимата, шефовското место ви е поблику отколку што мислевте.
Научниците од Универзитетот во Шангај и Сингапур спроведоа необично истражување со цел да откријат какво влијание има месецот во кој е роден човекот на неговиот понатамошен развој во кариерата, односно колкав е неговиот потенцијал да биде на шефовска позиција.
Првичните сознанија покажале дека децата кои се родени непосредно пред почетокот на школската година се во неповолна положба, бидејќи тие ќе бидат речиси една година помали од другите деца во класот. Резултатот е помала интелектуална и физичка зрелост, затоа подоцна овие деца тешко можат да ги надминат своите позрели и поразвиени колеги. Исто така, мала е веројатноста дека тие ќе бидат избрани за некоја лидерска позиција, кога имаат таква силна конкуренција.
Како што истражиле научниците, децата родени во летниот период најчесто се најмлади во класот, тие пред себе имаат постари и повеќе авторитетни соученици. Од друга страна, децата родени во текот на есента и зимата, имаат најголеми шанси да ја завземат лидерската позиција, тие секогаш биле постари во својата група, повеќе авторитетни и понапредни од своите помали другари во класот.
До овие резултати, истражувачите, дошле со проучување на податоците за родендените на шефовите во најголемите компании во светот. Истражувањето покажало дека најголем број од тие лидери се родени токму во поволниот период од септември до декември. Веднаш зад нив се наоѓаат лицата кои се родени во февруари и март.
Извор – Денар