Крвав ден во Скопје – Претепани три лица


Имено, во понеделникот, околу 19.30 часот, во Скопје на ул. „Битпазарска”, околу десет непознати лица без повод и причина физички го нападнале Т.Б.(24) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото, од што му нанеле видливи повреди. На Т.Б. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

policija grb oznakaИспитот ден утрото околу 10.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на ул.„Трета македонска бригада” во Скопје, две маскирани лица , физички ја нападнале и ја влечеле А.Б.(16) од Скопје, а откако успеала да се оттргне, еден од сторителите со остар предмет и нанел повреди во пределот на стомакот и лицето.

Во понеделникот околу 21.40 часот, во Скопје пред МНТ, три непознати лица без повод и причина физички го нападнале Д.С.(35) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото. Д.С. е пренесен во ГОБ Скопје за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случаите

СКОПЈЕ: 16 ГОД ДЕВОЈЧЕ НАПАДНАТО И ВЛЕЧЕНО ПО УЛИЦА ДОДЕКА ЧЕКАЛА АВТОБУС (ФОТО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1