Колку пари ќе чинат изборите?


Партиски реклами во речиси секој  медиум, од телевизија преку весник до интернет портали, митинзи во секој град и село, изборен штаб во секое маало, најмени простории, партиски химни со неколку пеjачи, изнајмени автобуси, плакати, флаери, брошури со програми и каталози. Ова се само дел од трошоците на партиите за време на изборната кампања. 

Stacks_of_moneyВо рамки на трошоците се и користењето на објекти, користењето на сали, одржувањето на митинзи , користење на службени возила, кои што никогаш не се прикажуваат како одредени услуги кои што ги прават одредени субјекти за политичките партии, превози печатење на маици, тоа се работи за кои се уште не може детално да се воспостави контрола затоа што не постои таков детален образец врз основа на кој тие би ги пријавувале сите овие трошоци.

Според законот, партиите за локалните избори смеат да потрошат 180 денари по глас или по три евра.

„Ние имаме регистрирано 1.743 403 гласачи вкупно според последните информации од Министертво за правда и тоа значи дека секоја од партиите ќе може да потроши околу 5 милиони и 102 илјади евра за оваа кампања“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл.

Mесецов на Бирото за јавни набавки се објавени два тендери за рекламен материјал, еден на Општина Карпош во износ од 3 илјади евра и на општина Ѓорче Петров 28 илјади евра.

Државната изборна комисија за подготовките околу локалните избори ќе потроши 2,3 милиони евра. Тие пари се предвидени за изработка и печатење на гласачки ливчиња, околу 20 отсто од вкупните расходи се предвидени за изборен материјал односно печати, перничиња, УВ спреј, УВ ламби и друго.

Веќе во медиумите се појави инфомација дека 14 општини немаат пари за спроведување на избори затоа што се со блокирани сметки.

Извор – Радио слободна Европа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1