Затворена зградата на Европскиот парламент – имало азбест – кај нас го има на тони


Дел од зградата „Винстон Черчил“ на Европскиот парламент во Стразбур е херметички запечатена, а околните простории се детално исчистени, откако со проверка е утврдено загадување со азбест, соопшти прес службата на ЕП.

EuropeanParliamentКомпанијата што ги спровела градежните работи требало да оддели определена површина одредена за заградување на канцеларии, при што го пробила планот со два реда со азбестна соддржина. Се прецизира дека вентилацискиот систем на парламентот не повлекол азбестни честички, но фирмата сега може да добие и тужба.

Откривањето на азбест во зградата на Европската комисија во Брисел во 1990 година беше причина за затворањето и нејзината целосна обнова, што траеше до 2004 година.

Азбестот, масовно користен во изградбата од 60-те до 80-те години на минатиот век, е забранет во ЕУ, бидејќи е докажано дека предизвикува рак на белите дробови.

Додека во светот херметички затвараат згради и облечени во скафандери влегуваат да го отстранат азбестот во Македонија се уште постојат згради со азбестни плочи. Една од нив е зградата на македонската телевизија. Таа велат познавачите е само една од многуте. Додека за европските работници азбестот е ризик за здравје , македонските работници со години го дишат канцерогениот воздух кои го испушта азбестот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1