На територијата која Дмитриј Медведев ја отстапи на Норвешка, во рамките на договорот за разграничување на Баренцовото Море се пронајдени огромни резерви на нафта и гас. Норвешкиот нафтен директорат (NPD) ги објави резултатите од двегодишното истражување на дното на Баренцовото Море, кое Русија пред три години и го отстапи на Норвешка.
Се испоставило дека тука се наоѓаат резерви на нафта и гас кои ги надминуваат и најоптимистичките прогнози: најмалку 300 милиони кубни метри јагленоводород од кој може да се добие 1,9 милијарди барели нафта, чија вредност се проценува на 30 милијарди евра.</p>
<p>Преговорите за спорната територија во Баренцовото Море и Северниот леден Океан, површина од 175 000 квадратни метри се водени помеѓу СССР и Норвешка во седумдесетите години на минатиот век. Конечниот договор е потпишан во 2010 година, од страна на тогашниот руски претседател Медведев и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.</p>
<p>Уште тогаш руските критичари изјавија дека Москва избрзала кога прифатила да се откаже од спорната територија. Нивните сомневања се покажаа како точни