Една од најголемите дупки во светот која е дело на човечка рака е рудникот за дијаманти Мир во Сибир.
Оваа „мајка на сите дупки“ како што ја нарекуваат, е длабока 525 и широка 1200 метри. Интересен е фактот дека летовите над оваа дупка се забранети бидејќи сама по себе создава атмосферска нестабилност. И досега имало неколку несреќни случаи – хелихоптери кои летале над неа се срушиле наеднаш.
Во последно време се почесто стигнуваат извештаи за појавување дупки во земјата кои голтаат се пред себе, а во САД овие дупки однесоа и човечки животи.
Експертите велат дека станува збор за природна појава, додека други се склони да веруваат дека тоа е најава за Судниот ден и дека земјата се отвара.
Попара.мк