„Speech Jammer“ – уред за нарушување досадни и бесцелни разговори


Уредот „Speech Jammer“ на јапонските истражувачи Казутака Курихара и Који Тсукада нуди практично решение за сите што некогаш се нашле во ситуација да мора да слушаат нечии досадни и бесцелни разговори.

102951194„Speech Jammer“ функционира така што ги повторува зборовите на говорникот со задоцнување од неколку милисекунди. На тој начин уредот го збунува и прекинува говорникот со неговиот сопствен глас.

Уредот едноставно создава ехо со гласот на говорникот, што е доволно иритирачки за истиот да го прекине разговорот.

Според Курихара и Тсукада „Speech Jammer“ има цел да им помогне на говорниците што се обраќаат пред поголем број луѓе, така што, ќе ги опоменува доколку зборуваат многу брзо или го пречекориле дозволеното време.

Сепак уредот ќе има многу поголема и позабавна примена во секојдневниот живот на луѓето, како што се канцеларии, читални или некои неформални собири.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1