Мразот се намалува – Со бродови преку Северниот Пол од 2050.


Бродовите ќе можат да пловат директно преку Северниот Пол од 2050 година, што значително ќе ги намали трошоците за трговија меѓу Европа и Кина, но и ќе донесе нови економски, стратешки и еколошки предизвици за владите, тврдат научниците.

severen polДрастичното намалување на морскиот мраз во текот на изминатите седум години им овозможи на некои бродови да пловат во северна Русија, по северноморската рута. Во текот на минатата година 46 бродови минале преку Арктичкиот премин, но со големи трошоци поради придружбата за разбивање на мразот.

Според тврдењата на научниците од Универзитетот Калифорнија, Лоренс Смит и Скот Стивенсон, обичните бродови ќе можат да пловат без никакви проблеми по северноморската рута, а бродовите специјално направени за разбивање на мразот би можеле да пловат по најкуса рута меѓу Пацификот и Атлантскиот Океан од 2050 година.

– Со истражување и симулациите е утврдено дека морскиот мраз стана ќе стане толку тенок, со што техничките проблеми ќе бидат совладани, а најкусата рута ќе биде достапна и за бродови, кои немаат силни разбивачи на мраз, сметаат тие.

Северната морка рута го скратува патувањето меѓу Норвешка и Кина за 18 денови и заштедува 580 тони погонско гориво.

Бродосопствениците изјавија дека тоа би им заштедило меѓу 200 илјади и 350 илјади евра при секое патување. Директната рута преку Северниот пол би можела да заштеди 40 отсто од горивото и времето

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1