Маж уби денеска две лица во зграда на регионалните власти во централната италијанска област Умбрија, а потоа се самоуби. Инцидентот се случил во главниот град на Умбрија, Перуџа. 43 годишниот Андера Џампи застрелал две вработени во локалната администрација, по што се самоубил.
Џампи бил бизнисмен, на чие семејство неодамна регионалните власти му ги укинале годишните субвенции во износ од сто илјади евра.
– Вие ме уништивте, извикувал тој, додека влегувал во зградата на локалната администрација.
– Ова е страшна трагедија, која се должи на ужасна ситуација, причинета од сегашната економска криза, изјави градоначалникот на Перуџа, Владимиро Бокали.
Италијанската економија опадна за 2,4 отсто минатата година и се соочува со најголемата рецесија по Втората светска војна.