Фејс и Твитер под око на МВР поради најавите за протести


После бурата од насилство низ улуците на главниот град Скопје, МВР превзема нови мерки на следење на социјалните мрежи кои потикнуваат на нови протести и насилства.

policija ebrМакедонската полиција изрази загриженост откако на Facebook се појавија групи кои повикуваат на нови протести во петок против, како што тие ја нарекуваат “анти-албанската политика” на земјата и “тортура и напади врз Албанците” извршени од страна на етнички македонското мнозинство.

Некои Фејсбук групи ги повикаа луѓето да протестираат пред зградата на владата по завршувањето на пладневната молитва во џамијата Јаја-паша, во општина Чаир.

„Никој официјално нема најавено протест за в петок, но ние сме свесни за повици на социјалните мрежи и будно ја следиме ситуацијата”, изјавил за BIRN, полицискиот портпарол Иво Котевски.

Полицијата повикува на воздржаност, но предупреди дека хулиганите ќе биде казнет.

ЗаСе.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1