Токму на денешен ден, пред 137 години, Александар Бел ја изговори првата реченица преку телефон која гласеше:
„Господине Вотсон, дојдете! Ми требате!“.
Татковството на телефонот му се припишува токму на Александар Бел, иако Рајс, 15 години пред него ја претставил својата верзија на телефон – изум кој никогаш не заживеа.
Наскоро Бел го патентираше својот изум и ја основа телефонската компанија Бел. Александар Греам Бел е роден на 3 март 1847 година во Единбург. Беше научник и иноватор, а освен работата на полето на технологијата, заслужен е и за важни откритија во авијацијата и морепловството.
Почина на 2 август 1922 година.
Таратур