На скопско Кале ќе има музеј, црква без крст, и мевџит без минаре


Управата за заштита на културно наследство почна со работа на отоманскиот објект, на отоманската кула која е поврзана со византискиот дел, a ќе се создаде и простор за музеј на отоманскиот период, пренесува Република.

skopskokale7-520x3911Обновата на објектите на археолошкиот локалитет Kале во Скопје почна иако се одвива забавено. Почната е конзервација, реставрација и реконструкција на трите објекти каде што ќе бидат сместени музеите на праисторискиот, средновековниот и на отоманскиот период.

Според предвидениот план, ревитализираниот комплекс треба да биде готов до крајот на годинава, иако рокот може да биде пробиен, вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, институција која го координира проектот.

– Почната е работата на отоманскиот објект, на отоманската кула која е споена со византискиот дел. Ќе создадеме простор за музеј на отоманскиот период. Договоривме да се направи и еден мевџит, но без верски обележја. Нема да има минаре, а на црквата која треба да продолжи да се работи нема да има крст – вели Kузман.

Реконструкцијата на скопското Kале почна пред две години со поставувањето на темелите за црквата. Според Kузман, Kалето како археолошки локалитет треба да биде обезбеден поради своите културно-историски вредности. На локалитетот предвидено е да има продавници, едукативни центри, места за собирање, продавничиња, работилници.

Република

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1