Истанбул ќе го погоди земјотрес до 7,5 степени и цунами – предвидува јапонски научник


За неколку години во реонот на Мраморното Море се очекува земјотрес со интензитет од 7 до 7,5 степени, прогнозира јапонски експерт, пишува турскиот весник „Радикал“.

zemjotresФумио Канеко, експерт од службата за дејствија при катастрофи при Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија, во изминатите месеци ја истражувал сеизмичката активност активност во реонот на Мраморното Море во сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул.

Според Канеко, веројатноста на земјотрес во реонот на Мраморното Море (Северозападна Турција) е висока, но интензитетот нема да надмине 7 до 7,5 степени по Рихтер. Тој истакна дека одржливоста на зградите во Турција е два до три пати послаба од онаа на зградите во Јапонија, поради што земјотреси еднакви според интензитет во двете земји би имале различни последици.

Според Канеко, земјотрес на територијата на Мраморно Море ќе предизвика и цунами, што нема да ја погоди силно Бурса, но ќе има големи последици врз Истанбул.

Научникот учествува во проект за училишни вежби во Турција со цел зголемување на ефикасноста на дејствијата на учениците при земјотреси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1