Со хакери нашле да си играат – Хакнати Гугл и Мозила – си добија половина милион долари


Во текот на изминатите два дена, хакирани се софтверите на “Google Chrome”, “Microsoft Explorer 10” и “Mozilla Fireforx”, а освен пребарувачите, хакерите ги совладале и безбедносните препреки на “Java”.

hakeri1_1362838026_670x0Наградниот фонд на овогодинешното хакерско натпреварување “Pwn2Own”, кое што се одржува во рамките на конференцијата “CanSecWest” во Ванкувер, во Канада, речиси во целост е потрошен затоа што хакерите освоиле вкупно 480.000 долари, благодарение на убедливиот пораз над производителите на софтверот.

Во текот на изминатите два дена, биле хакирани “Google Chrome”, “Microsoft Explorer 10” и “Mozilla Fireforx”, а освен пребарувачите, хакерите ги совладале и безбедносните препреки на “Java”, “Adobe Flash Player” и “Adobe Reader”. Единствениот програм, учесник во натпреварувањето, кој што не бил хакнат за време на натпреварувањето е оној на компанијата Епл, “Safari” на “OS X Mountain Lion”.

Освен паричните награди, хакерите во своите домови ќе ги однесат и сите лаптоп компјутери кои што успеале да ги хакнат.

“Во светот на “Pwn2Own”, успешен напад значи при самото разгледување на непристојна интернет содржина да можете да вметнете и активирате произволен извршен код надвор од пребарувачот”, изјавил Пол Даклин од “Sophos”.

“Во реалниот свет, тоа значи да можете да изведете “drive-by install” напад, во кој ќе ги заобиколите сите заштити, превентивните мерки и поп-ап предупредувањата на пребарувачот”, додал Даклин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1