Посвоеното дете го вратиле, кога добиле свое


Хрватско семејство посвоило четиригодишно девојче, а неколку месеци подоцна кога старателката останала бремена, девојчето го вратиле во домот, бидејќи не можеле да се грижат за него. Биолошката мајка на девојчето, имала сериозни психијатриски проблеми, а таткото бил алкохоличар, поради што со само неколку месеци од животот, ја сместиле во дом.

Parents with ChildНабргу ја посвоило едно семејство, од каде што се вратила во домот со видливи траги на насилство. Семејството ја тепало, затоа што според нивните зборови тепањето е дел од дисциплинските мерки.

Интелигентното девојче покажувало знаци на длабока траума и повреденост, одвојувајќи се од другите, за да не ја повредат. Станала агресивна и тешко го прифаќала домот.

Семејството кое што сакало да ја посвои изгледало совршено. Жената била здравствена работничка, а мажот професор на факултет. Од здравствени причини немале свои деца, а сакале да посвојат дете и да му подарат љубов.

Детално биле запознаени со минатото на девојчето и знале дека треба да бидат трпеливи и да вложат многу внимание и труд. Во средината на 2011 година девојчето станало дел од нивото семејство. Неколку месеци подоцна старателката останала бремена. Минатата година родила дете и одлучиле девојчето да го вратат во домот.

Тоа беше најтешката одлука во нашиот живот и нема врска тоа што родив друго дете. Ние со неа имавме ужасни проблеми и одлучивме да го сочуваме својот брак и живот – објасни старателката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1