Во кој затвор се Демири и Исмаиловиќ во Косово е државна тајна


monstrumДржавна тајна е во кој затвор се двајцата, за Македонија најбарани, осомничени криминалци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои во неделата беа уапсени во косовскиот главен град Приштина. Kосовските власти за „Дневник“ велат дека од безбедносни причини не можат да ја откријат локацијата на затворот.

Ваквите строги мерки се преземаат за да се спречи евентуално бегство на криминалците, кои во земјава се бараат за петкратното убиство кај Смилковци и кои, ако бидат прогласени за виновни, се соочуваат со казна и доживотен затвор.

Локацијата не им е позната, барем така тврдат, и на македонските власти. Министерството за правда на Kосово с` уште не добило барање за екстрадиција.

Од министерството за правда на Kосово не очекуваат одолжување на постапката за екстрадиција. Проблем би било ако двајцата се жалат на евентуалната одлука за екстрадиција, но и тој проблем не е ненадминлив и за негово решавање има утврдени рокови.

Одбиваат екстрадиција во Македонија

kosovo policijaГолем број затвореници од Kосово кои се бараат во земјава одбиваат да бидат екстрадирани во Македонија. Весникот „Kоха“ во јули лани објави дека десетте македонски граѓани што издржуваат затворска казна во Kосово, во затворот Дубрава, не се заинтересирани да бидат екстрадирани во Македонија за да ја одлежат казната во домашните затвори.

Досега Македонија имала 54 барања за меѓународна правна помош од Kосово, од кои најголем дел се доставувања судски покани. Имало две барања за екстрадиции во Македонија, едно барање за трансфер на криминална процедура и едно барање за трансфер на осуденик.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1