Одобрен лек за редуцирање на алкохолот


Европската комисија го одобри пласирањето на европскиот пазар на првиот лек „Селинкро“, кој го редуцира внесувањето на алкохол во организмот и претставува иновација во лекувањето на зависниците од алкохол, соопшти фармацевтската компанија „Лундбек“, која го произведе лекот.

Одобрувањето на лекот „Селинкро“ важи за сите 27 земји членки на ЕУ.

alkohol lekКомпанијата „Лундбек“ очекува дека лекот би требало да се појави на пазарот кон средината на оваа година. Со овој лек се менува и начинот на лекувае на зависниците, наместо апстиненција. Лекувањето се заснова на постепено намалување на конзумирањето алкохол, што претставува надеж за голем број зависници кои имаат проблем со оваа сериозна болест.

– Целта на лекувањето на зависноста од алкохолизам е целосно прекинување на конзумирањето алкохол, но како проблем се јавува фактот дека поради наглото престанување на внесувањето алкохол, голем број пациенти по кратко време се враќаат на старата навика. Токму тука е предноста на новиот лек кој влијае на редукцијата и намалувањето на желбата за алкохол, водејќи кон крајната цел – апстиненцијата, се наведува во соопштението на „Лундбек“.

Резултатот од извршените истражувања, кои опфатиле над 2.000 зависници од алкохол, покажал дека новиот начин на лекување со редуцирање на внесувањето алкохол покажува значајни долгорочни ефекти. За 10 месеци внесувањето алкохол е намалено за 60 отсто.

Во Европа се регистрирани 14 милиони пациенти со зависност од алкохол, од кои над 90 отсто не се лекуваат. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1