Конечно – Забрането да се продава во Европа козметика тестирана на животни


ЕУ забранува средства за разубавување и нега кои се произведени по пат на тестирање врз животни. Тоа сега важи и за увезените производи во Унијата. Индустријата мора да се преориентира.

kozmetika otrovКозметичките средства кои се тестирани на животни веќе не смеат да се продаваат во ЕУ. Забраната важи од денеска (11.03) и се однесува на сите средства за разубавување и за нега, како шампони, паста за заби, сапун, кармини или лосиони за тело, независно од тоа дали продуктите биле произведени во Европа или на друг место во светот.

Постепена забрана

Козметичките производи во ЕУ не смеат да се тестираат врз животни уште од 2004 година. Од 2009 година оваа забрана важи и за одделни супстанци содржани во производите. Со ваквата постепена забрана на индустријата требаше да и‘ се даде можност да ги променат методите на тестирање. Борците за заштита на животни веќе долго време ги критикуваат експериментите со животни како неетички. Научниците пак, како европскиот Сојуз за козметика, укажуваат на тоа дека „безбедноста на сите супстанци во козметичките производи практично се заснова на податоци кои претходно се добиени преку тестови врз животни“.

извор – DW

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1