Списанието „British Journal of Psychology“ објави наоди од најново истражување според кое гумите за џвакање биле поврзани со подобри резултати на тестирањето на помнењето.
Велшки научници од Универзитетот Кардиф тврдат дека џвакањето позитивно влијае на концентрацијата и го олеснува помнењето на информации кои испитаниците ги добиваат по пат на вид или слух.
Во новото истражување учествувале 38 испитаници, а најдобри резултати имале учесниците на кои на почетокот им биле поделени гуми за џвакање.
Оваа појава била највоочлива при крајот на тестирањето кога на останатите испитаници концентрацијата веќе почнала да слабее.