Не сме политички пиуни, ниту полициски шпиуни!, порачаа Комити (Фото)


„Навивачката група Комити вчера, во време кога требаше да се одигра дербито на колото во 1 МФЛ ВАРДАР-Шкендија, го изрази своето незадоволство од неоправданата и срамна одлука на ФФМ, по препорака на МВР а без никаква реакција (читај проследена со аплауз од управата на ФК ВАРДАР), за одложување на мечот.

komitiСредбата се одржа на игралиштето во Капиштец во присуство на голем број Комити и преставници на речиси сите подгрупи. Протестот беше изразен со симболично означување на почетокот на натпреварот во 19:30ч., проследено со навивање, и вадење парола против политизација на одлуките на посочените институции, на штета пред се на фудбалот и на ФК ВАРДАР и КОМИТИ. Покрај тоа беше извадена и парола во чест на најавеното враќање на Македонскиот херој Јохан Тарчуловски, назад во својата татковина.

Воедно беше изразено и незадоволство од обидите групата Комити да биде вовлечена во политички води, преку обидите за нејзино замолчување пред споменатите неправди и одлуки кои се исклучиво на штета на групата. Одлуките на групата мора да го пресликаат ставот на мнозинството нејзини членови, никако поинаку, а ставот на мнозинството е револт и незадоволство насочен кон ФФМ поради одложување на мечевите Пелистер-ВАРДАР и ВАРДАР-Шкендија, револт кон МВР како институција која покажа неспособност да организира еден фудбалски натпревар, и револт кон управата на ФК ВАРДАР, која сите овие лакрдии кои се пред се на штета на клубот и своите навивачи, ги проследи немо, без никаков протест, со што и самата се инволвира во овие игри кои немаат допирна точка со спортот.

Мнозинството од групата изразија незаинтересираност да се присуствува на одложениот меч со Шкендија утре (вторник) во 14ч. во знак на протест против споменатите лакрдии и бламажи.“

(Интегрален текст од соопштение на навивачката група Комити)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1