Обвинетите во Монструм набрзо пред суд во Македонија


Се чека само Интерпол да достави потврда на меѓународната потерница издадена од кривичниот совет на Кривичниот суд. Постои интензивна комуникација меѓу Кривичниот суд, Министерството за правда и Интерпол за се обезбеди потврдата на меѓународната потерница, врз основа на што треба да се изврши екстрадицијата на двајцата обвинети за судење во Македонија, изјави за Канал 5 истражниот судија Владимир Туфегџиќ.

monstrumДокументацијата за екстрадицијата на првообвинетите во Монструм Алил Демири и Африм Исмаиловиќ е комплетирана.

– Се чека само Интерпол да достави потврда на меѓународната потерница издадена од кривичниот совет на Кривичниот суд. Постои интензивна комуникација меѓу Кривичниот суд, Министерството за правда и Интерпол за се обезбеди потврдата на меѓународната потерница, врз основа на што треба да се изврши екстрадицијата на двајцата обвинети за судење во Македонија, изјави за Канал 5 истражниот судија Владимир Туфегџиќ.

Од судот очекуваат во најкраток рок да пристигне и овој документ по што досието за екстрадицијата во Монструм ќе биде испратено преку правда до косовските власти.

Демири и Исмаиловиќ, по седум месеци бегство, беа уапсени на 3 март во Приштина. Судењето за Монструм продолжува на 19 март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1