Дете објавило дека ќе се убие – интернетот му го спаси животот (Видео)


Детето кое на интернет објавило дека ќе се самоубие, било контактирано од преку 2.000 странци кои го одвратиле од таа намера.

dete sliki sam se secel13-гоишниот Ноа Броклбенк, неодамна на Инстаграм објавил фотографија од повреда која самиот си ја нанел, а потоа напишал дека планира да изврши самоубиство.

Причина за таквиот потег бил фактот што го малтретирале во училиште. Според зборовите на Ноа, во училиште бил нарекуван “дебел”, “грд”, “здодевен”, па тоа, заедно со депресијата од која пати, го натерало да крене рака на себе.

Кога неговата запрепастена мајка ги видела фотографиите од исечените раце на детето, брзо реагирала и го сместила во болница.

292752522513e3248dbe2e050443003_orig

Во меѓувреме ја раширила приказната, се јавила на некои деца од училиштето на нејзиниот син, за да му се јават или пишат. “Бев очајна. Тоа беше молба за живот”, вели мајката на детето.

Направен бил и фејс профил ,, писмата до НОА,, и набрзо на адресата на Ноа пристигнале преку 2.000 писма од сите страни на светот во кои непознати, но и блиски луѓе му пружиле поддршка и му дале охрабрување.

Детето се откажало од таквите намери, и вели дека повторно има верба во луѓето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1