Сперматозоидите најздрави во зима и во рана пролет


Сперматозоидите кај мажите имаат своја сезона – најздрави се во текот на зимата и во раната пролет, па поради тоа најмногу деца се раѓаат во текот на есента, утврдија израелски експерти од Универзитетот Бен-Гурион.

spermatozoidАнализирајќи ја семената течност на над 6.000 мажи, израелскиот тим (кај оние кои немале проблем со плодноста) утврдил поголем број сперматозоиди кои побрзо пливале и имале помалку абнормалности во текот на зимата, додека од пролетта сите тие параметри биле во постојано опаѓање.

Утврдено е дека мажите со нормална продукција на сперматозоиди, произведуват околу 70 милиони од тие клетки по милилитар семена течност во текот на зимата, а од нив пет отсто имаат брза подвижност, што ги унапредува шансите на парот жената да забремени.

За време на пролетта, продукцијата на сперматозоидите се намалува на просечно 68 милиони по милилитар семена течност, од кои само три отсто имаат брза подвижност.

Кај мажите со некои абнормалности во производството на сперматозоиди, меѓутоа, овие клетки се најподвижни во текот на есента, а за време на пролетта најмногу ги има во нормален облик – во просек околу седум отсто.

Израелскиот тим заклучил дека кај мажите без проблеми во плодноста, најдобри резултати за оплодување се постигнуваат во зима, а кај оние помалку плодни во текот на есента и пролетта.

Некои претходни студии врз животни дале слични резултати, а варијациите во плодноста се објаснувани со надворешната температура, должината на изложеноста на дневната светлина и хормонските промени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1